pdf




File information


Author: bo

This PDF 1.5 document has been generated by Microsoft® Office Word 2007, and has been sent on pdf-archive.com on 28/03/2014 at 00:34, from IP address 79.126.x.x. The current document download page has been viewed 848 times.
File size: 2.2 MB (33 pages).
Privacy: public file
















File preview


СУГС Гимназија „Орце Николов“

-

1

СУГС Гимназија „Орце Николов“

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Интернационална недела 2014
Еден од повеќето меѓународни проекти во кои
учествуваат учениците од билингвалните паралелки од нашето
училиште е „Интернационалната недела” во Лидс, Велика
Британија. Нашето училиште ќе учествува трета година по ред,
и тоа со 6 ученици од втора година и 9 ученици од трета
година. Оваа година проектот ќе се реализира по 14-ти пат и
ќе има учесници од Шведска, Бугарија, Украина, Турција,
Шпанија, Полска, Италија, Германија, Кина. Темата е „Еден
свет, едно училиште - Биди промена” (“One World One School:
Be the Change Учениците ќе бидат сместени во фамилии, а во
Лидс ќе пристигнат во недела на 16 март. Целиот фестивал ќе
трае 6 дена. Во текот на работната недела ќе бидеме дел од
наставата во училиштето и ќе учествуваме во најразлични
работилници, сè со цел да го запознаеме тамошниот систем на
образование и секако, да се дружиме со децата од сите
останати земји учеснички.Како дел од програмата на проектот
е и Интернационалниот фестивал на таленти. Секоја земја
треба да одбере песна на мајчин јазик, да смисли креативен
настап и да го изведе истиот на фестивалот. Поради тоа што
училиштето „Св. Вилфрид“ оваа година слави 50 години
постоење, настапите на земјите се тематски поделени според
2

СУГС Гимназија „Орце Николов“

децениите. Нашата група треба да настапи со песна од
претходната деценија и токму затоа ја избравме песната „Tаму
кај што си” од Ристо Самарџиев. Исто така ќе има и посебна
вечер на која секоја група треба на кратко да ја презентира
својата земја со Power Point презентација и со традиционална
храна. Има предвидено и еднодневна прошетка до Јорк.
Фестивалот завршува во петок, на 21 март. На
самоиницијатива на учениците и родителите, по завршувањето
на фестивалот ќе го посетиме Лондон. Таму ќе останеме 5
дена. Сите ученици кои биле претходните 2 години се вратиле
презадоволни и среќни, полни со импресии, искуства и безброј
моменти за паметење. И ние од срце се надеваме дека ова
патување ќе го вброиме меѓу најубавите во нашиот живот и со
нетрпение го чекаме поаѓањето.

Василева Бранкица
III-8

3

СУГС Гимназија „Орце Николов“

Македонската кујна ќе
замириса во Франција
Веќе 8 години наназад, во соработка со Француската
амбасада, се организира и реализира проект за размена на
ученици од француската билинтвална паралелка од
нашата гимназијата. Оваа година проектот (патувањето) ќе
започне на 18 април, а ќе трае сè до 30 април.
Овогодинешната тема на проектот е „Традиционалната
македонска кујна“. Учениците од билингвалната паралелка
на зададената тема подготвија презентација, неколку
традиционални јадења, видео материјал кој ја претставува
нашата татковина и сл. На патувањето, покрај училишните
активности во градот Гранвил, ќе се посетат и повеќе
локации низ Франција, како на пример: малиот остров на
Сена каде што царува познатата готска катедрала Нотр
Дам, музејот Лувр, Версај, Замокот на кралот на сонцето,
плоштадот Конкорд , Ајфеловата кула и др. Попатно ќе ги
посетиме и Азурниот брег заедно со Ница, Грас, Кан,
Монако и Монте Карло , Женева , Милано и Верона.
Се надеваме дека со овој проект освен меѓународна и
меѓукултурна соработка, ќе оствариме и многу пријателства
и ќе научиме многу повеќе за Франција, француската
култура и францускиот јазик. Очекуваме добра забава и

4

СУГС Гимназија „Орце Николов“

пријатни искуства, а за тоа како ќе си поминеме, ќе ви
раскажеме по враќањето во Скопје ;)

Андреј Нечовски
Ребека Божиноска
Никола Видакович
Евгенија Спасевска
II-9

5

СУГС Гимназија „Орце Николов“

ИНТЕРВЈУ СО....

Професорот Миле Стојиловски

6

СУГС Гимназија „Орце Николов“

1.

Колку години сте професор во „Орце
Николов“?
М.С.: Професор сум веќе 28 години. Почнав да предавам
биологија прво во Орце, па потоа се префрлив во Карев, и
повторно се вратив во Орце.
3. Дали вработувањето во „Орце Николов“ е вашето прво
работно искуство?
М.С.: Не, пред да дојдам во „Орце Николов“, предавав ОТП
во училиштето „Ѓорче Петров“.
2.

Како беше организирано училиштето кога Вие се
вработивте?
М.С.: Беше многу поинаку. Во тоа време во Југолславија
имаше реформи. Орце беше двојна гимназија со македонски
и српски паралелки. Јас предавав во македонските
паралелки. Орце исто така беше стручно училиште со 12
паралелки во 2 смени. Последниот час завршуваше во 20
часот.
3.

Како беше организирана наставата порано? Какви беа
испрашувањата?
М.С.: Учениците беа вклучени во дискусии и имаа преголема
стравопочит. Порано немавме учебници. Учениците учеа од
плановите во тетратките. Јас факултетот го завршив без
учебник. Испрашувањето се знае - 3 прашања и нема
поправање.
4.

Дали учениците имаат поквалитетни знаења денес,
или пак порано повеќе учеле?

7

СУГС Гимназија „Орце Николов“

М.С.: Порано повеќе седеа дома и учеа. Теоријата одлично ја
совладуваа, но имаа слаба практична примена. Денес е
обратно.
5. Дали новата технологија ви помага во
предавањето или го сакате стариот начин
на предавање?
М.С.: Па...Биологијата има голема врска со
технологијата. Навистина голема врска, така што... да, го
олеснува предавањето. Сега има и посебна програма која
се вика „Програма за анатомија”.
6. Дали повеќе ви се допаѓа да бидете само професор
или шеф на смена?
М.С.: Второто е чиста бирократија. Биологија си е
биологија. Повеќе сакам да сум професор, отколку шеф на
смена.
8. Што би им препорачале на учениците од „Орце
Николов“?
М.С.: Вратите за солидните ученици во нашето училиште
се секогаш отворени, а професорите се подготвени да им
понудат практично знаење. Знаењето е секогаш потребно,
секогаш треба да се учи, сè околу нас е учење. Но освен
да учиш, важно е и да знаеш да го примениш наученото и
да знаеш да работиш!

Mиодраг Тодоровиќ
Маја Живковиќ
Симон Јовановски
II-9
8

СУГС Гимназија „Орце Николов“

ЗАПОЗНАЈ ГО ОДБЛИЗУ
ПРОФЕСОРОТ
Честопати учениците додека го слушаат предавањето на
своите професори, знаат да одлетаат со своите мисли, да се
нурнат во еден нов, сопствен свет и да создадат своја
реалност. Многу често, тие знаат да создадат една поинаква
слика за своите професори, да ги замислат во поинакво
светло и да претпостават какви се тие во приватниот живот.
Тоа што подолу ќе го прочитате е интервју со професорката
Сузана Черепналковска, професорка по македонски јазик
во нашето училиште. Ние успеавме малку да „sирнеме“ во
нејзиниот живот и да го споделиме тоа со вас.

1. Кога започнавте да работите во ова училиште?
С.Ч.: Работам веќе 20 години во училиштето.
2. Што би работеле кога не би биле професорка?
С.Ч.: Не сум размислувала за друга професија, но
отсекогаш сум ја сакала ликовната уметност, така што би
била сликар, но, за жал, немам талент за сликање. Исто
така, една од поинтересните опции со кои би се занимавала
би било управување со мал хотел покрај некое убаво,
топло, сино море.

9






Download pdf



pdf (PDF, 2.2 MB)


Download PDF







Share this file on social networks



     





Link to this page



Permanent link

Use the permanent link to the download page to share your document on Facebook, Twitter, LinkedIn, or directly with a contact by e-Mail, Messenger, Whatsapp, Line..




Short link

Use the short link to share your document on Twitter or by text message (SMS)




HTML Code

Copy the following HTML code to share your document on a Website or Blog




QR Code to this page


QR Code link to PDF file pdf






This file has been shared publicly by a user of PDF Archive.
Document ID: 0000154413.
Report illicit content