PDF ArchiveHistorical archive . public document
2014 . March . 28

pdf

pdf

PDF 1.5 33 pages 2.2 MB Filed 28/03/2014
Download this PDF
pdf
Web reader . 5 pages of 33
Page 3 of 33, pdf
3 / 5

File preview

СУГС Гимназија „Орце Николов“ - 1 СУГС Гимназија „Орце Николов“ МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА Интернационална недела 2014 Еден од повеќето меѓународни проекти во кои учествуваат учениците од билингвалните паралелки од нашето училиште е „Интернационалната недела” во Лидс, Велика Британија. Нашето училиште ќе учествува трета година по ред, и тоа со 6 ученици од втора година и 9 ученици од трета година. Оваа година проектот ќе се реализира по 14-ти пат и ќе има учесници од Шведска, Бугарија, Украина, Турција, Шпанија, Полска, Италија, Германија, Кина. Темата е „Еден свет, едно училиште - Биди промена” (“One World One School: Be the Change Учениците ќе бидат сместени во фамилии, а во Лидс ќе пристигнат во недела на 16 март. Целиот фестивал ќе трае 6 дена. Во текот на работната недела ќе бидеме дел од наставата во училиштето и ќе учествуваме во најразлични работилници, сè со цел да го запознаеме тамошниот систем на образование и секако, да се дружиме со децата од сите останати земји учеснички.Како дел од програмата на проектот е и Интернационалниот фестивал на таленти. Секоја земја треба да одбере песна на мајчин јазик, да смисли креативен настап и да го изведе истиот на фестивалот. Поради тоа што училиштето „Св. Вилфрид“ оваа година слави 50 години постоење, настапите на земјите се тематски поделени според 2 СУГС Гимназија „Орце Николов“ децениите. Нашата група треба да настапи со песна од претходната деценија и токму затоа ја избравме песната „Tаму кај што си” од Ристо Самарџиев. Исто така ќе има и посебна вечер на која секоја група треба на кратко да ја презентира својата земја со Power Point презентација и со традиционална храна. Има предвидено и еднодневна прошетка до Јорк. Фестивалот завршува во петок, на 21 март. На самоиницијатива на учениците и родителите, по завршувањето на фестивалот ќе го посетиме Лондон. Таму ќе останеме 5 дена. Сите ученици кои биле претходните 2 години се вратиле презадоволни и среќни, полни со импресии, искуства и безброј моменти за паметење. И ние од срце се надеваме дека ова патување ќе го вброиме меѓу најубавите во нашиот живот и со нетрпение го чекаме поаѓањето. Василева Бранкица III-8 3 СУГС Гимназија „Орце Николов“ Македонската кујна ќе замириса во Франција Веќе 8 години наназад, во соработка со Француската амбасада, се организира и реализира проект за размена на ученици од француската билинтвална паралелка од нашата гимназијата. Оваа година проектот (патувањето) ќе започне на 18 април, а ќе трае сè до 30 април. Овогодинешната тема на проектот е „Традиционалната македонска кујна“. Учениците од билингвалната паралелка на зададената тема подготвија презентација, неколку традиционални јадења, видео материјал кој ја претставува нашата татковина и сл. На патувањето, покрај училишните активности во градот Гранвил, ќе се посетат и повеќе локации низ Франција, како на пример: малиот остров на Сена каде што царува познатата готска катедрала Нотр Дам, музејот Лувр, Версај, Замокот на кралот на сонцето, плоштадот Конкорд , Ајфеловата кула и др. Попатно ќе ги посетиме и Азурниот брег заедно со Ница, Грас, Кан, Монако и Монте Карло , Женева , Милано и Верона. Се надеваме дека со овој проект освен меѓународна и меѓукултурна соработка, ќе оствариме и многу пријателства и ќе научиме многу повеќе за Франција, француската култура и францускиот јазик. Очекуваме добра забава и 4 СУГС Гимназија „Орце Николов“ пријатни искуства, а за тоа како ќе си поминеме, ќе ви раскажеме по враќањето во Скопје ;) Андреј Нечовски Ребека Божиноска Никола Видакович Евгенија Спасевска II-9 5 СУГС Гимназија „Орце Николов“ ИНТЕРВЈУ СО.... Професорот Миле Стојиловски 6 СУГС Гимназија „Орце Николов“ 1. Колку години сте професор во „Орце Николов“? М.С.: Професор сум веќе 28 години. Почнав да предавам биологија прво во Орце, па потоа се префрлив во Карев, и повторно се вратив во Орце. 3. Дали вработувањето во „Орце Николов“ е вашето прво работно искуство? М.С.: Не, пред да дојдам во „Орце Николов“, предавав ОТП во училиштето „Ѓорче Петров“. 2. Како беше организирано училиштето кога Вие се вработивте? М.С.: Беше многу поинаку. Во тоа време во Југолславија имаше реформи. Орце беше двојна гимназија со македонски и српски паралелки. Јас предавав во македонските паралелки. Орце исто така беше стручно училиште со 12 паралелки во 2 смени. Последниот час завршуваше во 20 часот. 3. Како беше организирана наставата порано? Какви беа испрашувањата? М.С.: Учениците беа вклучени во дискусии и имаа преголема стравопочит. Порано немавме учебници. Учениците учеа од плановите во тетратките. Јас факултетот го завршив без учебник. Испрашувањето се знае - 3 прашања и нема поправање. 4. Дали учениците имаат поквалитетни знаења денес, или пак порано повеќе учеле? 7 СУГС Гимназија „Орце Николов“ М.С.: Порано повеќе седеа дома и учеа. Теоријата одлично ја совладуваа, но имаа слаба практична примена. Денес е обратно. 5. Дали новата технологија ви помага во предавањето или го сакате стариот начин на предавање? М.С.: Па...Биологијата има голема врска со технологијата. Навистина голема врска, така што... да, го олеснува предавањето. Сега има и посебна програма која се вика „Програма за анатомија”. 6. Дали повеќе ви се допаѓа да бидете само професор или шеф на смена? М.С.: Второто е чиста бирократија. Биологија си е биологија. Повеќе сакам да сум професор, отколку шеф на смена. 8. Што би им препорачале на учениците од „Орце Николов“? М.С.: Вратите за солидните ученици во нашето училиште се секогаш отворени, а професорите се подготвени да им понудат практично знаење. Знаењето е секогаш потребно, секогаш треба да се учи, сè околу нас е учење. Но освен да учиш, важно е и да знаеш да го примениш наученото и да знаеш да работиш! Mиодраг Тодоровиќ Маја Живковиќ Симон Јовановски II-9 8 СУГС Гимназија „Орце Николов“ ЗАПОЗНАЈ ГО ОДБЛИЗУ ПРОФЕСОРОТ Честопати учениците додека го слушаат предавањето на своите професори, знаат да одлетаат со своите мисли, да се нурнат во еден нов, сопствен свет и да создадат своја реалност. Многу често, тие знаат да создадат една поинаква слика за своите професори, да ги замислат во поинакво светло и да претпостават какви се тие во приватниот живот. Тоа што подолу ќе го прочитате е интервју со професорката Сузана Черепналковска, професорка по македонски јазик во нашето училиште. Ние успеавме малку да „sирнеме“ во нејзиниот живот и да го споделиме тоа со вас. 1. Кога започнавте да работите во ова училиште? С.Ч.: Работам веќе 20 години во училиштето. 2. Што би работеле кога не би биле професорка? С.Ч.: Не сум размислувала за друга професија, но отсекогаш сум ја сакала ликовната уметност, така што би била сликар, но, за жал, немам талент за сликање. Исто така, една од поинтересните опции со кои би се занимавала би било управување со мал хотел покрај некое убаво, топло, сино море. 9

Download pdf

pdf . PDF . 2.2 MB . 33 pages

Download PDF

File information

File name
pdf
Size
2.2 MB
Pages
33 pages
PDF version
1.5
Produced with
Microsoft® Office Word 2007
Filed on
28/03/2014
Page views
848
Document ID
untitled-pdf-document
MD5
8d6038021d0c29c1f1bf0fc5df3abaa2
SHA-512
e5081d9d5dc5641d045f322a9fd267032e2217000c6223b0c860ec1124a15d1211c1e7023fcc4ec6116d3a9ba47e04314645c70d44a99bb6e11c6204cd63c00d

Share this document

This address never changes. It is the one to keep, to send, or to cite.

Shorter, for a text message or a post with a character limit.

To link to this document from a website or a blog.